Македонија треба да инвестира 2,3 милијарди евра во екологијата

Bez autora
Oct 06 2010

Македонија во наредниот период ќе треба да инвестира огромни средства во областа на екологијата, кои се проценуваат на 2,3 милијарди евра, со цел да се усогласи со европските стандарди. Ова денеска во Скопје го истакна евроамбасадорот Ерван Фуере на церемонијата на започнување на проектот Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за управување со отпад. Проценетите трошоци на целосна имплементација и спроведување на европското законодавство од областа на Заштитата на човековата околина во Македонија изнесува 2,3 милијарди евра, што е над 1.000 евра по жител, односно околу 37 отсто од БДП, што е се разбира огромен предизвик за земјата. Тој укажа дека истовремено со инвестирањето во Заштитата на човековата околина државата ќе стекне и повеќе придобивки. Европската унија континуирано поддржува проекти во Македонија во областа на заштита на човековата околина, при што за повеќе намени од оваа област досега биле искористени околу 48 милиони евра.

Македонија треба да инвестира 2,3 милијарди евра во екологијатаМакедонија во наредниот период ќе треба да инвестира огромни средства во областа на екологијата, кои се проценуваат на 2,3 милијарди евра, со цел да се усогласи со европските стандарди.

Ова денеска во Скопје го истакна евроамбасадорот Ерван Фуере на церемонијата на започнување на проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за управување со отпад“.

„Проценетите трошоци на целосна имплементација  и спроведување на европското законодавство од областа на Заштитата на човековата околина во Македонија изнесува 2,3 милијарди евра, што е над 1.000 евра по жител, односно околу 37 отсто од БДП, што е се разбира огромен предизвик за земјата“, изјави Фуере.

Тој укажа дека истовремено со инвестирањето во Заштитата на човековата околина државата ќе стекне и повеќе придобивки.

Европската унија континуирано поддржува проекти во Македонија во областа на заштита на човековата околина, при што за повеќе намени од оваа област досега биле искористени околу 48 милиони евра“, информираше Фуере.

Говорејќи за денешниот настан, Фуере истакна дека иако насловот на проектот звучи премногу бирократски, неговото значење е суштинско за иднината на земјата од областа на екологијата.

„Со помош на овој проект ќе успееме да го подобриме управувањето со отпадот  не само на централно ниво, туку и на регионално ниво“, изјави Фуере.

Тој ја потенцираше потребата од успешна соработка меѓу сите засегнати страни, општините, градоначалниците, претставниците на централната власт и сите актери вклучени во управувањето со отпадите.

Ресорниот министер за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи истакна дека целта на проектот што беше денеска промовиран е да се создаде кадар кој успешно ќе управува со регионалните депонии чија изградба е веќе планирана.

Целта на овој проект е токму тоа, кога веќе ќе бидат изградени регионалните депонии, општините и локалните комунални претпријатија да имаат капацитети успешно да управуваат со нив, изјави Јакупи.

Тој најави дека Македонија се подготвува да аплицира за средства од третата компонента од ИПАРД за изградба на регионални депонии во источниот и североисточниот регион, за што ќе бидат потребни административни капацитети.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik